Мажите менаџери заработуваат повеќе од жените менаџери

Длабоко вкоренетите предрасуди во општеството се најголема препрека за напредување на жената во деловното окружување, но и во политиката. Бројките покажуваат дека нашата култура е сеуште кон мажите приентирана. Како стојат работите во Европа? И покрај директивите од 1995 година се бара еднаква плата за сите, но сеуште постојат разлики во платите помеѓу мажите и жените во сите држави. Спрема податоците на Евролистата жените на менаџерските позиции, на пример во Германија имаат за 23% пониска плата отколку нивните машки колеги.

На топ менаџерските позиции во Македонија се само 2% жени, кои се, докажано, за истата работа која ја работат се платени 26% помалку од своите колеги. На другите, не така високи менаџерски позиции, има дури 27% жени. Во нашата држава жените дури 20% се помалку платени од машките колеги за истата работа и одговорност. Расте половата дискриминација. Наслабо се платени инжинерките-за 56,1% помалку платени од инжинерите.

Најголема разлика во машко/женсите односи во однос на плата е во секторот на деловни советувања и испитувања на пазарот – дури 44,7%. Во странските институциимажите имаат 29,8% поголема плата од жените, додека најмала разлика има во фирмите во претежно државната сопственост-8,8%. Жените се потплатени и во менаџментот во кој разликата во платите достигнува дури и 26%. Дискриминаторските податоци покажале дека истражувањата на порталот MojaRabota спроведено на примерок на повеќе од 9000 испитаници и 150 различни работни места. Менаџерките и политичарките изнесувале свои видувања од застапеноста на жената во фирмите, но и во политиката. Жените повеќе се здружуваат во неформални мрежи во обид да ги исполнат своите цели.

Leave a Reply

Top