Реклами за убедување и моќноста на убедувањето

Рекламите се направени од специјалисти кои ја познаваат човечката психа. Вешто манипулираат со користење на слабостите на луѓето. Зад инспиративните зборови и убави слики лежи целта да се продаде производот. Еве неколку примери од нашето минато што покажуваат како можеме да ги прифатиме опасните заблуди и да се потпреме на сомнителни средства за здравје и убавина.

КОЈА е целта на рекламата? Фирмите велат дека нивното рекламирање обезбедува услуги за јавноста затоа што нуди информации за нивните производи. Меѓународното здружение за рекламирање наведува: „За да биде соодветно информиран, на Потрошувачот му треба рекламирање. Информираниот избор се темели на информации. Рекламирањето — во неговата најширока смисла — е главната врска за таквите информации помеѓу Произведувачот и Потрошувачот“.

Се разбира, сите знаеме дека таквото рекламирање постигнува нешто повеќе отколку само да информира — неговата цел е да продаде. Тоа не е објективно или неутрално. Успешните реклами вешто ги окупираат мислите на потрошувачот и го мотивираат да ги купува рекламираните производи.

Освен тоа, рекламирањето не продава само производи; тоа продава марки. Ако сте некој голем производител на сапун, нема да потрошите милиони долари на реклама за да ги охрабрите луѓето да купат каков било сапун. Вие сакате тие да го купат Вашиот сапун. Сакате реклами кои некако ќе ја убедат јавноста дека Вашата марка сапун е попожелна од другите.

Leave a Reply

Top