Истражување за мобингот

До сега најдоброто истражување за мобинг е направено во Шведска. Околу 2400 вработени кои претставуваат пример на целата вработена шведска популација, било подложено на интервју.

Зачестеност: Епидемиолошката статистика открила дека искуството покажало дека 3,5% од испитаниците даваат соодветна дефиниција за мобинг. Ова значи дека 154000 мажи и жени од околу 4,4 милиони вработени во Шведска се жртви на мобинг.

Пол: Мажи ( 45% ) и жени ( 55% ) се мобирани, грубо гледајќи, во еднаква пропорација, разликата е незначителна. Кога се поставува прашањето кој кого мобира, истражувањето покажува дека 76% од мобираните мажи биле мобирани од страна на мажите, а само 3% биле нападнати од жена,21% биле предмет на мобинг од страна на двата пола. Од друга страна, 40% на мобилизираните жени биле мобирани од страна на жена, 30% биле нападнати од мажи и 30% од двата пола.

Старосна група: Најзастапени се старосните групи 21-30 и 31-40 години, споредувајќи ги со старосната група од 41-50, 51-60 и преку 61 година. Овие разлики не се значајни. Не постои ниту значење во половите.

Број на мобери: Отприлика една третина на мобираните се нападнати од само една личност. Нешто повеќе од 40% биле напад на двајца до четворица мобери. А многу ретко целиот работен тим ја малтретирал една личност. Идните истражувања треба да се насочат на оние индивидуи кои се свесни за случување на мобинг, но и покрај тоа не интервенираат. Овие личности можат да се анализираат како потенцијални спречувачи на мобинг процесот.

Професија: Дури и во ова истражување резултатите не се толку значајни поради фактот дека 2400 личности не е доволен голем примерок за проучување на подгрупите. Сепак, постојат индиции, кои покажуваат дека некои струки се најзастапни. 14,1% ( 6,5%-пропорционално за целата работна популација ) мобираното е вработено во училиштата, универзитетите и другите просветни институции.

Долгорочни последици: Голем број од овие мобирани вработени ( истражувањето покажува на процент од 10-20% ) завршуваат со сериозна болест или извршуваат самоубиство.

Интернационална споредба:Директно споредување на истражување во различни земји не може да се спроведува бидејќи сериозното истражување за мобинг од различни земји е сеуште многу мало. Сепак, спроведеното истражување изведено на различни работни места покажува незначителна разлика во однос на земјите и професионалните занимања.

Leave a Reply

Top