Четири совети за чистење на тапациран мебел

Се додека некоја флека не се појави мистериозно, во потполност забораваме да го исчистиме тапацираниот мебел. Но во него се наоѓа нечистотија, прашина и многу е битно да се освежува барем еднаш во три месеци.

Следете ги овие четири чекори а после нив, веруваме дека тапацираниот мебел ќе ви изгледа не само поубаво туку и ќе мириса посвежо.

1Исчистете го површинскиот слој на нечистотијата

Најпрво тргнете ги перниците, а потоа изберете соодветно продолжение на правосмукалката. Најдобро е она со четка на врвот, бидејќи на тој начин ќе избегнете гребење на материјалот. Со лесни движења, поминете низ целата површина на вашиот тросед, кауч, фотеља, столче итн. Потоа одберете продолжение со тесен врат, со кое ќе влезете во тесните делови и наборите на мебелот.

2Проверете ја декларацијата

Ако вашиот мебел сè уште има налепница или некаква декларација, не заборавајте да го проверите пред да започнете со длабоко чистење.

Најдобро е да се третираат дамките веднаш откако ќе се појават.

3Оцет може да помогне

Честопати се прашуваме дали можеме да го исчистиме каучот со оцет. Одговорот е да. Уште повеќе, белиот оцет е одличен природен производ за отстранување на дамките.

Започнете со натопување на дамката со мешавина од вода и бел оцет. Потоа избришете ја површината со (чиста) крпа од микрофибер.

Ако сакате да го отстраните мирисот на оцет, можете да ја испрскате површината со мешавина од вода и благ шампон или детергент. Оставете да се исуши природно.

4Отстранете непријатни мириси

Нанесете на крпа сода бикарбона. Оставете ја содата да ги апсорбира сите непријатни мириси преку но. Следниот ден поминете со крпа со вода темелно.

 


 

Leave a Reply

Top