Симболични украси од животни во домот

Многумина ставаат украсни фигури од животни во домот но не ја знаат нивната симболика. Еве за некои од животните:

Жаба-како симбол означува животни циклуси. До полна зрелост жабата минува низ три стадиуми: јајце, полноглавец и водоземец, па затоа не асоцира на многу циклуси, или пак како симболика се користи за симболизирање на „човек кој поминал многу во животот, многу циклуси”…

Мачка-Во древниот Египет мачките се сметаат за свети животни и се поврзуваат со богињата Бастет, која била заштитник на домаќинствата, богиња на утехата и лечењето…

Куче-симбол на верност, пожртвуваност, посветеност. Всушност затоа и овие интелигентни животни се сметаат за најдобар пријател на човекот-кучето е присутно за да слуша, разбира и да му помага на својот сопственик во најтешките моменти.

Тигар-е еедна од најубавите животни, која се карактеризира со брзина, сила, енергија но и суровост. Често можеме да ја забележиме оваа фигура како украс во многу домови. Често може да се слушне дека тигарот е најсилната мачка на светот, па не не чуди што од многу одамна се зема за симбол на моќ и просперитет.

Коњ-Најплеменито животно кое човекот успеал да го скроти, животно кое предизвикува воодушевување и претставува симбол на моќ, сила, слобода, издржливост но и елеганција…

Лав-симбол на сила, гордост и храброст. Подеднакво е обожуван кај Египќаните, Персијанците, Грците и Римјаните, симбол на моќ и најголема власт, потоа авторитет, правда но и бесмртност.

Змијата е симбол за надминување на ограничувањата на материјата, видливиот свет, транформацијата или отфрлањето на старата кожа. Отфрлајќи го старото и потрошеното, создаваме услови за нешто ново.

Слон-Во азиските култури слонот се смета за свето животно и на него се гледа со восхит, а скулптурите и украсите во форма на слончиња станаа хит низ целиот свет. Слончињата често се користат во Фенг Шуи за да енергетизираат одредени делови во домот и за добра среќа. Слончињата симболизираат моќ, мудрост, сила, заштита и среќа.

Се надеваме дека сега успеавме поблиску да ве доближиме за симболиката на животните и дека за украс во домот ќе одберете животно кое ќе ве опишува вас како личност.

 

Leave a Reply

Top