Во Италија се намалуваат браковите во црква

За прв пат откако се водеше статистика, во 2019 се случија повеќе бракови пред црквата во Италија отколку во неа, објави националната агенција за статистика Истат.

Во 2018 година бројката е нешто поголема, но сепак од година во година се намалува. Во 2018 година склучени се помалку од 196.000 бракови, од кои 50,1% надвор од црквата.

Пред 50 години само 2,3% од браковите не биле склучени во црква, но тој процент од година во година се зголемувал, па пред десет години биле регистрирани повеќе од третина граѓански бракови.

Во извештајот се вели дека има голема регионална разлика кога станува збор за бракови, затоа што во традиционално поконзервативниот југ минатата година имало само 30% од граѓанските бракови, додека во северните региони тој број во голема мерка надминува 50%.

Leave a Reply

Top