Конкуренцијата и мобингот: Какво влијание има мобингот?

Иако дефинициајта на мобингот обично вклучува соодноси: работодавец-вработен и вработен-вработен, нејзината содржина ни дозволува ваква кованица. Методите со кој што конкурентот врши мобинг исто така се многу слични на некои од симптомите на “вообичаениот” мобинг на работното место: напад на личната и професионалната репутација преку измислени приказни, озборувања, исмејување обично на еден конкурент-жртва. Конкурентот-жртва сака да се изолира од остатокот на заедницата, не го покануваат на настани и останати формални и неформални дружења каде што е присутен конкурентот-насилник. Психолошкото малтретирање на крајот обично резултира со влошување на физичкото и/или менталното здравје на конкурентот-жртва.

Конкуренцијата е одлика на секој пазарно базиран систем. Здравата конкурентност корисна е како за потрошувачите, така и за компаниите, бидејќи ги тера на силна иновативност и креативност во изнаоѓањето нови производи и услуги. Меѓутоа, конкуренцијата што се граничи со т.н. социјален дарвинизам, со кого што се оправдува уништувањето на конкуренцијата за да вие не бидете уништени, одлика е на црната страна на конкуренцијата. Еден од големите јапонски бизнис лидери, Рујозабуро Каку, долгоогдишниот претседател на Канон, во една прилика рекол дека и во природата лавовите не убиваат заради убивање, туку затоа што се гладни. Така и “убивањето” на конкуренцијата само од порив за уништување и доминација на пазарот се коси со начелото за слободен пазар. Притисокот за постигнување силен раст на профитот и дивидендите присилува многу компании на различни политички и заткулисни борби. Меѓутоа, фокусот кон уништување на само еден конкурент со методите на морално и психичко малтретирање, претставува јасно и гласно-конкурентски мобинг.

 

 

Leave a Reply

Top