Епидемиолог открива дали во време на корона вирус посигурно е гушкање или ракување

Подобро е гушкање отколку ракување. Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од универзитетот во Белгија, тврди дека гушкањето е побезбедно отколку ракувањето, при корона вирус. Во многу земји ширум светот, мерките се опуштени и се намалува дејството на корона вирусот. Експерт од Белгија смета дека откако ќе се укинат мерките и кога животот ќе се врати во нормала, можеби побезбедна опција за поздравување би била гушкањето. Д-р Марк Ван Ранст, тврди дека контактот од кожа на кожа е најопасната варијанта на поздравување.

– Ако мене ме прашувате, на луѓето им е дозволено да се гушкаат. Ако зборуваме за контакт кожа на-кожа, тоа го зголемува ризикот од ширење на вирусот. Само помислете, рацете доаѓаат во контакт со другите и надворешното опкружување, што ја зголемува можноста вирусот да се шири – објаснува тој.

– Треба да продолжите да избегнувате да се ракувате со голем број луѓе-открива д-р Ван Ранст.

Сепак, не сите се согласуваат со мислењето на епидемиологот од Белгија. Многумина веруваат дека е важно да се продолжи со држење растојание помеѓу луѓето.

Leave a Reply

Top