Советникот во општина Бутел доби отказ!!!

Почитувани сограѓани,

Во однос на вчерашниот немил случај со вработениот во Општина Бутел, Ве информирам дека од денеска неговиот работен ангажман кој беше регулиран со договор е прекинат и истиот не е повеќе вработен во општина Бутел.
Истовремено сакам да Ве информирам дека со неговото размислување, за жал во прашање е ставено и нашето пријателство.
Уште еднаш повторувам, неговите ставови не се мои ставови. Поголемиот дел од Вас знаете каков човек сум и дека никогаш дури ни во сон не би можел да помислам ниту да изговорам такви зборови на омраза. Едноставно тоа не содејствува со мојот карактер, и верувам дека Вие тоа добро го знаете.
Апелирам до сите граѓани, до СИТЕ ВАС, размислувајте трезвено. Да не дозволиме вакви изолирани случаи да ни го нарушат соживотот и пријателството. На некој тоа му одговара и го прави со цел на штета на сите нас.

Leave a Reply

Top