
Направете вкусен и здрав сок кој е одличен за добра крвна слика.
Еве што ви е потребно и како да го направите:
СОСТОЈКИ:
- 1,5 кг цвекло
- 1 кг моркови
- 2 кг јаболка
- 4 лимони
- 250 гр мед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:
- Се рендаат цвеклото, јаболката и морковите, се додава сечениот лимон и мед и се остава вака смесата да отстои 24 часа.
- Процедете ја смесата низ газа и ставете ја во стаклено шише, а потоа во фрижидер.
- Пијте секое утро по една лажица.