Како да подготвите вкусна палента? Мммм, прсти да излижеш

Приготвување на палента:

Палента, односно, качамак може да се приготви на два начини, подеднакво лесни и брзи.

На првиот начин, потребно е да се наполни лонец со 3 ипол шолји вода, во кои се додава малку масло и прстофат сол. Кога ќе провие, температурата се намалува на минимум и се додава една шолја пченкарна палента со константно мешање.

Се препорачува употреба на дрвена лажица, заради оксидацијата на металните лажици. Во овој вкусен оброк можат да се додадат и некои здрави семки или омилениот зеленчук.

Вториот начин на приготвување е следниот: Ставете во тенџере литар иоол вода и една лажичка сол. Почекајте да зоврие па додадете 500 г пченкарно брашно. Брашното  ќе остане на површината на водата. До дрвено тенко сукало или со врвот од дршката на дрвената лажица се прави дупче на врвот од купчето брашно во водата и се остава да се вари така на умерено тивок оган. По извесно време брашното ќе се стопи со водата, измешајте ја убаво за да не останат грутчиња и подготвена е за консумирање.

Можете да додадете сирење, јогурт, павлака или нешто друго по ваш избор.

Leave a Reply

Top