Лукот е лек!!! Видете кои се придобивките!

Лукот, всушност, има неколку стотици терапевтски својства, потврдени од страна на научни истражувања.

Лукот, всушност, има неколку стотици терапевтски својства. Истите се потврдени од страна на научни истражувања, кои можете да ги видите директно на GreenMedInfo.com. Еден пример за моќта на лукот, е што ја убива отпорната на лекови туберкулоза (MDR -ТБ), која мејнстрим медиумите ја нарекува “белата чума”.

За што се користи лук?

Научни истражувањеа велат дека лукот е ефикасен против бактерии, габи, паразити. Исто така ја намалува количината на маснотии, спречување стегање на крвните садови (атеросклероза), намалување на крвниот притисок.

Употребата на лукот ги намалува кардиоваскуларните болести со намалување на високиот холестерол, го намалува ЛДЛ, лошиот холестерол, го намалува слепувањето на крвните садови и спречува згрутчување на крвта (појава на тромб), го намалува високиот крвен притисок. Влијае и на намалувањето на два други маркери на кардиоваскуларни болести, хомоцистеин и C-реактивен протеин. Лукот спречува настинки.

Во кои случаи не можe да се користи лук?

Луѓето кои имаат зголемен тенденција да крварат, не треба да внесуваат големи количини на лук. Сепак во случај на хируршка интервенција, не консумирајте лук неколку дена пред операцијата.

Кои  несакани ефекти може да се појават при примената на лук?

Литературата опишува случаи на алергија на лук, стомачна иритација, мачнина… Мирисот што го карактеризира лукот се задржува долго после јадење и преку здив и преку кожата.

Кои лекови не треба да се користат истовремено со лук?

Истовремената употреба на лук со изонијазид, некои антивирусни, орални контрацептиви може да ја намали концентрацијата на овие лекови во плазмата. Лукот делува како антикоагуланс, и истовремена употреба на антикоагуланси со големи дози лук може да доведе до крварење.

Leave a Reply

Top