Ване ја откачи бившата Струмичанка и си ја фати Дунавка Трифуновска

Некогашната мис Македонија, манекенката Дунавка Трифуновска очигледно ужива во летото.

Таа на социјалните мрежи споделува фотографии со својот партнер, Ване Цветанов, поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам

И покрај пандемијата, Дунавка ужива во Турција заедно со својот нов избраник.

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов уживаат во својата љубов. Ване Цветанов пред кратко време беше во врска со Струмичанката со која беа заедно, повеќе од две години, ама веројатно лесно ја замени со Дунавка. Од друга страна Дунавка велеше дека е во врска со Владо Јаневски, а истиот тоа го негираше.

Им посакуваме на двајцата од срце да им цвета љубовта и да се вратат тројца назад и со веренички прстен.

Во описот на фотографиите со Дунавка, Ване вели дека Дунавка е жана во секоја смисла на зборот. Веројатно после еден неуспешен брак, после долга неуспешна врска, кај Ване конечно зацветаа ружите во љубовта.

Ване на 43 години ја најде својата сродна душа.

Ви посакуваме убаво лето, многу љубов и многу дечиња.

Среќно заљубени гулапчиња.

Leave a Reply

Top