Дали е ефикасен законот за мобинг?

Во 2013 година за прв пат во Македонија се донесе закон за Заштита на работникот на работното место. На овој закон му требаа три години за да профункционира во законодавниот систем. Имено, во 2016 година, за прв пат Судот одлучи во корист на тужителот, вработен во јавниот сектор во Македонија. Тој бил изолиран, не му бил даван годишен одмор, ниту пак му биле давани работни задачи од страна на работодавачот. Овој вид на мобинг е психичко вознемирување, кое сеуште го демнее македонскиот работник. Мобингот, во јавниот сектор, најчесто се врши поради партиска припадност на работниците.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија велат дека мобингот во јавниот сектор е застапен. Но вработните што се жртви на мобинг не се осмелуваат да пријават, поради притисокот, кој им го врши работодавачот. Обврска на синдикатите е да не дозволат нивните членови да бидат таргет на мобинг, но и самите синдикати се соочуват со притисоци, кои не им дозволуват ефективно да работат и да ги заштитат нивните членови од мобинг. Тие додаваат дека во приватниот сектор, бројот на жртви на мобинг е поголем од јавниот сектор. Во приватниот сектор може да се случи мобингот да не се утврди, поради недоволни докази, кои вршителот може лесно да ги сокрие.

 

Leave a Reply

Top