Зарем некој веруваше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ

Зарем некој веруваше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ ? Сето тоа беше смислена лага и сценарио за се’ што се случи. Само со таа лага народот можеше да ја проголта промената на името. Бришење на идентитетот и историјата, во име на добро- соседските односи.

Како и да е. Барем некој дебело се офајди и си ги зголеми милионските сметки.А, Македонците, ќе продолжат да си купуваат бугарски пасоши за да заминат ,, трбухом за крухом”. Впрочем и тоа е смислено сценарио кое почна многу одамна да се спроведува, се’ во интерес на бугарската пропаганда, дека во Македонија живеат Бугари, а не Македонци. Па, со оглед на огромниот број купени бугарски пасоши, Бугарија еден ден многу лесно ќе го докаже тоа.

А, ние, спиеме во децениски зимски сон и очигледно тешко дека ќе се разбудиме.


Пишува: Виолета Аврамовска

Leave a Reply

Top