Бандо квислиншка!!!

Вчера јасно сфативме дека е бесмислено јавно и официјално да се празнува Денот на независноста додека постои оваа трета (не)македонска квислингшка држава. Зашто тоа празнување не личи на ништо, освен на фарса и тешко лицемерие. Станува потсмев со оној 8 септември во 1991.

Власта ќе биде пофер кон македонскиот народ ако официјално го забрани тој празник, па да можеме да си го славиме тајно и со гордост поради чувството дека правиме нешто забрането за кое може и да бидеме уапсени.

Да ги слушаше некој странец вчера свечените говори на перјаниците на оваа квислиншка влада, немаше да сфати на која земја ја честитаат независноста.

До толку ли се срамат од себе и својата улога во создавањето на квислингшката Северна Македонија, што дури ни тоа име не можат да го изговорат? А самите го прифатија. Зошто тогаш срам? Или глумите срам? Има еден познат стих:

Част је част, а власт је власт! Така пееше Балашевиќ. Песната се вика: Не ломите ми багрење.

Слушнете ја денес барем еднаш бандо квислиншка. Колку да знаете до каде сте и кои сте. И каква иднина стои пред вас.

Leave a Reply

Top