
Полицијата јаде ќотек.
Роми јадат ќотек.
Доктори јадат ќотек.
Рашковски јаде ќотек*.
Сите сити, народ презаситен и гладен.
Може ништо нема, ама ќотек има.
Државна каса се краде, избори се крадат.
Ќебапи се крадат.
И мртовци се крадат.
Филмот пукнат, шлаканици и шавови пукаат.
Да потсетам: 21 век.