
Овие два дена бевме сведоци на преписката на извесна Фросина Фрос и Стефан. Од извори блиски до семејството на ,,швалерот,, дознаваме дека Стефан и неговата сопруга ќе ја тужат Фросина. Ангажирале адвокатски тим. Случајот ќе го води позната адвокатка која работи на оваа проблематика и веќе има добиено неколку случаи. По добиените материјали и лекарски уверенија кои ги собираат во моментов( за душевна болка и нарушен углед), ќе покренат тужба со голема материјална оштета и извинување од дотичната Фросе, која ги објави нивните фотографии, и со овој текст и објава им нанесе душевна, емоционална и материјална штета.