Што ги привлекува девиците во сексот?

ЖЕНА ДЕВИЦА

Жената девица е повлечена и никако нема да падне уште во првата игра. Склона е да ги одмерува вашите намери и постапки како на некој начин да чува одстапница. Неупадливо и внимателно споредува, се смее на еросот на постарите. Со својот рационален став ги комплицира сентименталните односи, па партнерот губи трпение. Кога евунтуалната борба меѓу двајцата ќе се разгори таа бега, но потоа жали. Жената девица во сексот се штеди, еротски е чиста и страста не ја занесува. Сетилните уживања ги прима со допир и милување. Ерогена зона и е стомакот. Тајно фантазира за секс со двајца истовремено. Таа е имуна на сентименти и изливи на страст. Воздржана е и кога добива директни комплименти. Обично не подлегнува на своите желби, но кога тоа ќе се случи во потполност ги доживува.

 

МАЖ ДЕВИЦА

Мажот девица во љубовта нема длабочина, во еросот нема топлина. Во еротските односи ситничари и присилен е да глуми страст. Половите односи многу се хигиенски, но анализирањето од негова страна лесно  доведува до чувство на невкус (коитусот не е естетски чин), а тоа сепак го расипува уживањето. Од жената бара премногу, а тој самиот не дава толку. Премногу набљудува и најдува недостатоци, па многу често тој се искомплицира. Мажот девица може да ве фасцинира со својот шарм, но додека разговарате со него имајте на ум дека разговарате со маж интелектуалец. Секој состанок со него договорете го порано. Негова главна сексуална особина е дека сака љубовна игра ноќе и под јорган. Најмногу го возбудуваат милувања по стомакот и задникот. Од перверзиите најмногу сака онанирање и војаерство. Ако сте жена од високото друштво ќе имате поен повеќе кај него.

Leave a Reply

Top