Како да заведете Вага?

Господинот Вага

Господинот Вага е во потрага по убавината. Или по личност која ќе го разбере, или по некој кој е исклучително паметен. Или … или по нешто четврто, сеуште не открил што е тоа. Во принцип може се од ова штро е наброено или е само една од овие работи доволно за почеток. Овој маж со кој владее Венера, отворен е за сите контакти со спротивниот пол што подразбира и дваесет и шест блиски пријателки кои тоа навистина и се. Значи да се вратиме на почеток, за да го заведете господинот Вага можете да почнетѕе со било што. Тие се внимателни слушатели и набљудувачи, така што вашиот настап нема да остане незабележан. Бидете природни. Тоа што на типуичната Вага и смета е невкусот и непристојноста. Сигурно досега забелажавте дека и тој самиот е многу пристоен. Бидете романтични и малку недопирливи.

Госпоѓицата Вага

Госпоѓицата Вага заради својот вроден шарм и пријатниот изглед обичноп е во прилика да бира. За вистински да ја заинтересирате, можете да се обидете со било кој од класичните начини на заведување. Како секоја ќерка на Венера и таа реагира како жена. Но водете сметка, позади слатката фасада се крие неверојатен логичар и искрен трагач по вистината. Нејзе ќе и годи вашето пеење под прозорецот, дури иако не сте музикални, но тоа е затоа што ќе го цени вашиот труд. Таа ќе прифати било каков убав комплимент но само ако тој одговара на вистината. Таа можеби и нема од вас да очекува да заработувате многу пари, додека е очигледно дека се трудите да успеете во тоа. Меѓутоа малку е извесно дека ќе ви прости било каков неразумен каприц, малтретирање на послаби од вас или непристојно однесување. Правдата за сите ваги сеуште го има своето традиционално значење.

 

Leave a Reply

Top