Премиерот Зоран Заев за загубата на Амди Бајрам

Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам.

Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа  загуба.

Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка. Соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја.

Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите.

 

Leave a Reply

Top