„Од 2 литра млеко правам 1 кг домашно сирење- Без потквасување и без лимонтус, се јаде после 4 часа“

Дали некогаш сте пробале домашно сирење? Неговиот мек и не толку солен вкус е омилен на повеќето. А по неговата структура наликува на популарната италијанска моцарела.

Денес ви откриваме како на многу едноставен начин сами да подготвите вкусно домашно сирење, кое ќе биде готво за консумирање по само 4 часа.

Потребни состојки

  • 2 литри пресно млеко
  • 5-2 супени лажици сол (или по ваш вкус)
  • 400 гр кисела павлака
  • 6 јајца
  • 200 гр кисело млеко (по избор)

Начин на подготовка

  1. Исипете го млекото во тенџерето и додадете ја солта.
  2. Доколку претпочитате помалку солено сирење, тогаш додадете помалку сол.
  3. Додека млекото да зоврие, изматете ги јајцата.
  4. Додадете ја киселата павлката и јајцата во топлото млеко, додека непрекинато мешате. Варете така околу 5-6 минути.
  5. Треба да забележите како се одделуваат урдата и сурутката.
  6. Поставете големо сито врз тенџерето, покријте го со парче газа, пресвиткана на 4 слоја и исипете ја смесата во цедалката.
  7. Оставете ја истата целосно да се прецеди.
  8. Завиткајте ја прецедената смеса со газа (едноставно заврзете ги краевите кои висат надолу).
  9. Поставете одозгора тежина. Може да ја поставите меѓу две даски или одозгора поставете било каков тежок предмет со тежина од 1 кг.
  10. По 4 часа, сирењето ќе биде готово и притоа потребно е да ја отстраните тежината.
  11. Оставете го сирењето да отстои во газата уште неколку дополнителни часа, складирано во ладилникот.
  12. Можете исто така да додадете и 200 гр кисело млеко, истовремено кога ќе ја додадете и киселата павлка. Така сирењето ќе добие уште понежна текстура.

Leave a Reply

Top