Италија пријавила најмногу заболени од Корона вирус во еден ден. Бројката изнесува околу 25.000

Во претходните 24 часа, вкупно 205 лица починаа од последиците од вирусот корона во Италија.

Скоро 1.000 лица се примени во болници низ целата земја, а 125 пациенти се сместени во одделенија за интензивна нега.

Италија, која беше најтешко погодена европска земја во првите месеци од епидемијата, досега има регистрирано околу 590 000 заболени од корона вирус и 38 000 смртни случаи. Само Велика Британија има повеќе смртни случаи од последиците од корона во Европа.

Во италијанските градови со денови се одржуваа демонстрации против ограничувањата воведени со цел да се потисне вирусот корона. Владата ја забрани вечерната работа на кафулиња и ресторани и затвори спортски сали, кина и театри.

Воведен е ноќен полициски час во некои региони.

Протестите на сопствениците на ресторани и таксистите во текот на денот се генерално мирни, но насилството често се случува на вечерните демонстрации.

Властите обвинуваат разни десничарски групи дека ја користат кризата како изговор за насилство, вандализам и грабежи.

 

Leave a Reply

Top