Сопруга на починат од срцев удар била ,,потплатена,, со 1000 евра за да биде регистриран како починат од Корона

Починат од срцев удар го заведуваат како Корона со ,,потплаќање,,.

Да, јасно ми беше дека не е се’ така црно и бело но инфо денес добиено од прва рака.

Си умира човекот Бог да го прости од срцев удар, го носат да го закопуваат, им идат од Инфективно, епидемиолози ли биле, што ли биле, пратеници ли биле (не дошле за да го спасуваат човекот туку отпосле, откако биднала работата) и кешче на рака на сопругата на човекот – 1000 еврички!

Има, да, корона но има и добри игри, криминал невиден, поткуп и преувеличување на нештата каде што не треба а криење на работите кои се големи и треба да се откријат.

Како фактот на пример, лично пример, кој го знам за фамилија со две деца, сите позитивни, сите освен децата добро си поминаа. Дечињата едвај се опоравуваат.

А исто така и тоа дека во градинка им се испозаразиле во истиов случај куп други дечиња. Е тоа е вест што вешто се крие. Знаете ли што ќе се случи да почнат да обеледенуваат апла вакви информации?

Ќе испозатворат школи и ете ти во минус државата, уште еден минус.

И тоа всушност е лошото и причина зошто народецов се подели на тие што се извадија од памет и тие што не веруваат во ништо.

Јас?

Не сум ни во едните ни во другите.

Видов, слушнав многу за блиски испозаразени но и од и за оние потплатените да се пишат како заразени.

Засега, ќе си седам мирна, ќе се чувам и ќе ги чувам своите а со тоа и другите.

Никогаш не можеш да знаеш дали човекот пред тебе е коронисан или потплатен.

Еј, а убав ден денес а?? Ем Сабота!

Ех како и на што ни одат годините!

А колку и да се, малку се!

Leave a Reply

Top