Трамп водеше на изборите на почетокот, но се чекаат резултатите во Џорџија и Пенсилванија кои се клучни

Пред неколку часа Доналд Трамп водеше во Џорџија, но разликата се „топеше“ Сега Џо Бајден има предност од преку 900 гласови.

Како одминува времето, јасно е дека Џо Бајден е поблиску до Белата Куќа.

Во моментов Бајден има 264 електорски гласови, наспроти 213 на Трамп. Ако Бајден ја добие Џорџија, ќе му донесе +16, што ќе биде доволно да дојде до претседателското место.

Трамп практично цело време беше во водство, но како се ближеше крајот на пребројувањето, Бајден сега има мала предност. Таму се останати уште малку гласови за пребројување.

Доколку не успее Бајден да добие во Џорџија, ќе му треба победа во Пенсилванија каде што исто така е изедначено.

Leave a Reply

Top