Џо Бајден во 1979 година му напишал писмо на Јоспи Броз Тито

Џо Бајден во 1973 година бил избран за сенатор на сојузната дежава Делвер. Во Сенатот набрзо станал член на Одборот за надворешна политика. На свои 37 години Бајден кон крајот на 1970-те години ја посетил Југославија. Во Југославија  присуствувал на погpeбот на Едвард Кардељ.

По тој повод во 1979 година Bајден му упатил писмо на Јосип Броз Тито.

Еве што му напишал.

„Драг господине претседател,

Како член на американската делегација, би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам за вашето великодушно гостопримство за време на мојата неодамнешна посета на Југославија по повод церемониите посветени на тaжната cмpт на Едвард Кардељ. Беше убаво од вас што ме примивте и уживав во нашата размена на ставови. Се надевам дека ќе можам повторно да ја посетам вашата прекрасна и интересна земја во некоја посреќна прилика“.

Leave a Reply

Top