(Фото) Трамп објави два докази за тоа како бил променет изборниот резултат

Трамп на својот профил на Твитер бјави графикони од аналитичарот за податоци Џастин Харт. Тој напиша дека ќе ги искористи на суд. Повтори дека „изборите беа измама“, заблагодарувајќи му се на Харт.

Една табела, покажува како Трамп првично водеше во Мичиген со 55% од гласовите. Предноста на Трамп во однос на демократскиот противник малку падна, но потоа, во 6.30 часот по ноќта на изборите, беа додадени 149.000 нови гласови , на кои 96 проценти му припаднаа на Бајден, кој на тој начин поведе.

Image

Претходно, Трамп објави слична табела за Висконсин. Негов автор е Џастин Харт, а тој исто така тврди дека се заснова на податоци од „Њујорк Тајмс“ и покажува сличен феномен.

Според овој графикон, Трамп водеше во текот на целата изборна ноќ, со околу 50,9 проценти освоени гласови. Сепак, нешто пред четири наутро, Бајден доби 143.379 гласови, што го изедначи со Трамп.

Image

Американските медиуми го прогласија Бајден за победник и во Мичиген и во Висконсин. Заедно собраа 26 изборни гласови , од 270, неопходни за кандидатот да стане претседател. Според нивните проекции, разликата во корист на Бајден во Висконсин е нешто повеќе од 20 000 гласови, а во Мичиген нешто повеќе од 149 000 гласови. Покрај тоа, американските медиуми објавија проекции според кои Бајден победи на изборите.

Твитер ги опиша најавите на Трамп како „обвинувања за изборни кражби кои се доведени во прашање“.

Исто така, кредибилитетот на податоците на Харт досега не е потврден од никој.

Leave a Reply

Top