По трет пат ќе се пребројуваат гласовите во Џорџија

Претседателот Доналд Трамп побара повторно пребројување на гласовите во Џорџија. Ова ќе биде трето броење на гласовите во оваа сојузна држава. По првото, веднаш по изборите, и второто, направено рачно, а побарано од кампањата на актуелниот претседател.

Од речиси пет милиони вкупно поднесени гласачки ливчиња во Џорџија, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден победи со тесна разлика од 12.670 гласови или 0.25 проценти од вкупниот број. Според државните изборни закони, кандидатот може да побара пребројување ако разликата во гласови е под границата од 0.5 проценти.

Додека претходниот пат илјадници вработени на гласачките места во Џорџија цели две недели пребројуваа гласачки ливчиња рачно. Физички се прегледуваше секое ливче. Но овој пат правниот тим на Трамп бара заверка на потписите, односно секое гласачко ливче да се помине преку скенер машина, како што беа броени првиот пат, а што одзема многу повеќе време.

Изборниот штаб и адвокатскиот тим на Трамп се уште не го признаваат поразот.

Leave a Reply

Top