Трамп направи НЕВЕРОЈАТЕН потег: Ниту еден претседател во историјата на САД не го сторил ова, тој ќе стане НЕДОПИРЛИВ

Претседателот на САД, Доналд Трамп им предложи на соработниците да дадат траен имунитет. Ова ќе го направи Трамп во последните денови од неговото владеење. Со ова Трамп не може да одговара за делата што ги сторил за време на мандатот.

Останува нејасно дали врз неговата одлука може да влијае и фактот што ги охрабри своите приврзаници да одат во Капитол, кога некои од нив упаднаа внатре.

Доналд Трамп долго време потенцираше дека има моќ да донесе ваква одлука. Обраќањето кон неговите асистенти и советници, според одредени критичари, е знак дека сака да истрае во својата намера. Неговите непријатели ги користат сите можни „шуплини“ во законот за да го гонат откако ќе ја напушти Белата куќа.

Ниту еден претседател не донел таква одлука порано, така што легитимноста на ваквиот потег претходно не била тестирана во судскиот систем. Експертите се согласуваат дека ваквиот потег би бил опасен преседан.

Со таков потег, Трамп би бил заштитен пред федералниот суд, но сепак може да одговара за државните злосторства.

Како што беше речено, покрај себе, Трамп има намера да ги заштити и своите три најстари деца – Доналд Трамп јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп. Потоа нејзиниот сопруг, неговиот советник Џеред Кушнер, како и неколку блиски соработници, меѓу кои и Рудолф Џулијани.

Извор: Mondo

Leave a Reply

Top