Бројот на заболени од корона вирус во Македонија се намалува

Продолжува трендот на помал број на новозаразени од коронавирусот во Македонија. Вчера беа регистрирани 166 ново случаи од 1049 тестирања што е процент не забележан подолг пердиод. Вчера повторно беше поголем бројот на оздравени лица и тој изнесуваше 416 лица, но за жал имаше 10 починати.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје.

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 379 се во Скопје. Има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Мерките за заштита од Ковид-19 кои опфаќаат носење маска, држење дистанца и избегнување групирање и натаму се задолжителни. Според вчерашните податоци на МВР, 390 лица се казнети поради неносење заштитна маска.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројот на оздравени пациенти е 66209, а на починати е 2581.

 

Leave a Reply

Top