Авион исчезна од радар

Авионот се води како исчезнат само четири минути по полетувањето

Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати. Според првите информации, авионот се срушил само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето.

Според неофицијални податоци, во него имало 59 патници, од кои пет деца и едно бебе. Според првите информации, авионот наводно паднал од висина поголема од 3.000 метри само четири минути по полетувањето. – Ги следиме извештаите за исчезнатиот авион во Индонезија. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации – објави Флајтрадар 24. Авиокомпанијата соопшти дека ќе даде официјална изјава кога ќе имаат повеќе информации.

Leave a Reply

Top