
Јане Ченто ги коментира настаните при упадот на американски граѓани во Конгресот на САД на шеговит начин:
“Обвинтелке Русковска, не сме ние!
Само да Ве потсетам на тоа! Да не Ви текне и за овој упад да не обвините како што ни монтиравте случај за 27ми април за тероризам”!
До обвинителката Јане Ченто се обрати со доза на иронија кој одлежува затворска казна за тероризам. Да се потсетиме дека Јане Ченто издржува казна од траење од 15 години само поред исказот на Нинџа. Судски вештак потврди дека сведокот има дури четири промени на исказите. Не ја кажувал вистината кога тврдел дека бил во зградата на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Јане Ченто одлежува казна според лажно сведочење, сепак духот на ведрина не го напушта. Тој вели дека правда ќе има и дека еден ден сите ќе одговараат. Ако судбината и историјата се повторува, тогаш Јане Ченто исто како и неговиот дедо, лежи во затвор за Македонија.