Зошто се молчи за Анекс договорот со Бугарија?

Mолк од власта откако Красимир Каракачанов најави дека во Скопје доставил Анекс од 12 точки. Македонија ќе мора да го прифати ако сака да добие датум за почеток на преговорите.

Бугарија веќе подолго време најавува ваков Анекс и тоа го испорача. Досега се знаеше за три точки од Анексот, а тоа е Македонија да се откаже од своето малицинство во Бугарија, да се употребува целото име „Република Македонија“ и да докаже дека нема територијални претензии кон Бугарија.

Но, кои се останатите девет точки и што содржат.

Заев, Османи и Пендаровски го кријат Анексот. Логично е дека тој не е поволен за Македонија. Затоа и сега се бара начин како тој да се продаде во јавноста.

Пендаровски пред неколку недели изјави дека не гледа потреба за Анекс на Договорот со Бугарија, додека пак Заев убедуваше дека нема да има никаков Анекс.

Еднинствени кои тврдеа дека Анекс  има беа ВМРО-ДПМНЕ. Но од медиумската машинерија на власта беа обвинети за ширење на лажни вести.

Но, ако власта крие, сопругот на поранешната министерка Рената Дескоска веќе обелодени дека Анекс има и побара тој да биде јавно објавен.

Според Тони Дескоски, Анексот ќе биде именуван како „Протокол“ и ќе биде изгласан во Собранието.

Leave a Reply

Top