Прво, „Косово не е Србија“, а сега и ова: Дуа Липа срамно изјави – Србите се фашисти и окупатори!

Пејачката е позната по својот крајно негативен став кон српскиот народ.

Британската пејачка, по потекло од Приштина, Дуа Липа, е позната по своите крајно негативни ставови кон српскиот народ. Исто и по промовирањето на „Голема Албанија“ и не престанува да ја провоцира Србија.

Овој пат, таа ги нарече Србите „фашисти“ и „окупатори на Косово“, наведувајќи дека за време на војната во Косово и Метохија во 90-тите години, тие го прашале нејзиниот дедо Сеита Липа, кој бил директор на Историскиот музеј во Приштина од 1990 до 1995 година да измисли историски факти, кои тој ги одбил, па затоа бил мета на тогашните српски власти “.

Во интервју дадено на списанието „Ролинг Стоун“, младата пејачка се осврна и на политички теми. Изјавува дека нејзиното семејство морало да се пресели од Косово и Метохија по „српската окупација“.

– Дедо ми од страната на татко ми пишуваше книги за сè што се случува, откако се случи окупацијата, српските сили го замолија да ја препише историјата. Тој одби и ја изгуби работата – рече таа.

Таа не застана тука! Малку подоцна, преку својот профил на Инстаграм, ја сподели најавата за интервјуто, со слика на нејзиниот дедо и коментар:

“Нашиот неверојатен и бестрашен дедо. Тој работеше толку многу за време на српскиот фашистички режим за да ја напише албанската историја, за да може светот да знае кои сме навистина “.

Leave a Reply

Top