САД се на работ на страшна граѓанска вojна

Американскиот милијардер и основач на инвестициската компанија Bridgewater Associates, Реј Далио, сподели страшна вест на Twitter. Тој напиша дека САД се на работ на граѓанска војна.

„Верувам дека сме на работ на страшна граѓанска војна. Како што опишав во серијата ‘Менување на светскиот поредок’, каде што сме на раскрсница меѓу влегување во пеколот на борбата или повлекување за да работиме заедно за мир и просперитет“, напиша Далио.

Тој посочи дека се поставува прашањето дали претседателот и двете страни ќе го постигнат тоа. Додаде дека убави зборови и добар дух не се доволни.

„Луѓето ќе мора да се договорат за ‘колачот’ и како да го поделат.А за тоа ќе бидат потребни револуционерни промени“, напиша милијардерот.

Далио оцени дека Соединетите Американски Држави сè уште се во „ужасна финансиска состојба“. Тие сè уште се „ужасно поделени“. Но додаде дека му се допаѓа тоа што го слушнал од претседателот Џо Бајден на инаугурацијата.

Leave a Reply

Top