Децата не прават секогаш како што сакаат нивните родите-Како да го воспитувате детето?

Децата не прават секогаш како што сакаат нивните родители. Кога детето се однесува лошо, родителите треба да знат како да реагираат. На секое дете му требаат правила кои му помагаат на детето да научи соодветно однесување. Како родителите ги учат правилата на децата и што треба да прават родителите кога тие правила се прекршени? За почеток, родителите треба да знаат кои основни психолошки потреби на детето треба да бидат исполнети.

Тие се:

„Ти си добредојдено”-да бидеш прифатено и сакано. Оние деца што не се добредојдени во нивната куќа нема да имаат чувство дека се добредојдени насекаде.

„Да се биде рамноправен со другите како човечко суштество”-на детето да му се признае успех и да биде пофалено.

„Да се биде независен од другите”-дури и детето треба да одлучи. Да има право на одлука, која е во рамките на неговата возраст. На независноста и треба поддршка, а не контрола.

„Биди сигурен во другите”. Безбедноста кај другите луѓе ви овозможува да преговарате за промена на правилата без нивно кршење.

Само кога ќе го имаат ова на ум и успешно ќе го применат, родителите можат да рзговараат едни со други за какви правила сакаат во однесувањето на детето, во согласност со возраста на детето и како да го научат детето да постапува во однос на препреките со кои се сретнува во животот. Важно е да се гледа дисциплината како средство за учење, а не за казнување. Научувањето на децата да ги почитуваат правилата ги прави побезбедни и им помага да научат разлика помеѓу добро и лошо, им овозможува да развијат способност за адаптација, преговори и компромис. Ова поттикнува независност, развој на самодоверба, толеранција, чувство на правда и можност за простување.

Leave a Reply

Top