Сашо Мијалков има нов чуден тип на корона

Не можеле да го најдат органите на прогонот затоа што бил во самоизолација. Изгорел од висока температура од 40 степени, па се сомневал дека е позитивен на коронавирусот.

Вака Сашо Мијалков се оправда пред јавноста, на која и се извини. Потоа се пријави во Обвинителството и да каже дека немал намера да бега.

Но, како човек со симптоми, кој по правило треба да биде во самоизолација, влегува во просторија полна со луѓе.

Мијалков мисли дека не паметиме оти на средината на октомври лани беше позитивен на коронавирусот.

Тогаш две рочишта за Таргет-Тврдина беа одложени. Ексдиректорот на УБК прво имаше симптоми, а потоа беше потврдено дека е заразен со ковид-19

Односно, токму за судењето за Таргет -Тврдина, за кое очекува пресуда во петок, и поради која се шпекулираше дека очекува да биде висока и да добие голема затворска казна, беа одложени две рочишта, токму поради здравствената состојба на обвинетиот Мијалков. Односно, првично тоа беше кога неговата сопруга Александра Мијалкова беше позитивна, па тој замина во самоизолација и се тестираше на ковид-19. А вториот пат рочиштето се одложи поради тоа што и самиот Мијалков доби позитивен тест на коронавирусот. Од тие причини беше закажано за ноември лани продолжувањето на судењето.

May be an image of текст кој вели „Sasho Mijalkov 14 Oct 2020. максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но за жал добив резултат Koj вели дека сум позитивен на ковид 19. ова e борба co неприател KOj не ни e целосно познат, HO нема предаване. чувате се и внимавате на себе и блиските.“

Leave a Reply

Top