Судскиот совет на Кривичниот суд кој постапуваше по предметот Таргет-Тврдина едногласно ги прогласи за виновни сите обвинети

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и екс министерката за надворешни работи Гордана Јанкуловска денеска им се суди. Прогласени за виновени за случајот „Таргет Тврдина“.

Мијаков беше гонет за три кривични дела. Односно „Злоупотреба на службената положба и овластување” за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување” на казна затвор од 5, и за “Примање награда за противзаконито дејствување” на казна затвор од 3 години, или вкупно 12 години.

Судскиот совет на Кривичниот суд кој постапуваше по предметот Таргет-Тврдина едногласно ги прогласи за виновни сите обвинети

На Сашо Мијалков кривичниот суд му одреди казна затвор од 12 години

На Гордана Јанкуловска кривичниот суд и одреди казна затвор од четири години

Горан Груевски осуден на казна затвор од 15 години

Тони Јакимовкси е осуден на казна затвор од 6 години.

Никола Бошковски осуден на казна затвор од 15 години.

Надица Николиќ осудена на казна затвор од три години.

Васил Исаковски условна осуда од две години.

Владимир Варелов условна казна од две години.

Валентина Симоновска условна осуда од две години.

Силвана Златкова условна осудена од две години.

Марјан Шумуликовски условна осуда од две години

За потсетување, во неделата вечерта Сашо Мијалков исчезна по што полицијата започна и меѓународна потрага по него, за по два дена да се појави со тврдење дека бил во изолација поради висока температура.

 

Leave a Reply

Top