ИТНА примена на краткорочни и среднорочни мерки насочени кон намалување на загадувањето на воздухот во градот, и тоа: 1.Донесување на закон на ниво на Град Скопје со кој се забранува употребата на јаглен за загревање во домаќинствата Ограничување на движењето на возила во централното градско подрачје (комплетно или делумно) и нов зимски сообраќаен режим за градот Намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија со што цената за централно греење значително би паднала и корисниците би се стимулирале да се вратат на мрежата Стимулирање на приклучување на зградите (нови и стари) кон централното градско греење преку делумно ослободување од трошоците за приклучокот Подобрување и зголемување на јавниот транспорт во градот, воведување на нови ефикасни линии Стимулации за вработените во институциите
Животна средина
Македонија е на петто место според смртност од загаден воздух-1350 смртни случаи годишно
Македонија е на петто место според смртност од загаден воздух во Европа. Според извештајот на Светска банка, цврстите честички ПМ10 се одговорни за 1.350 смртни случаи годишно. Изгубени се илјадници работни денови. Тие работни денови претставува економски трошок од 300 милиони евра годишно или 2,5% од вкупниот БДП. Македонија има највисока годишна концентрација на ПМ2.5 честички со 52 μg/m3. Тоа го вели извештајот за квалитетот на воздухот за 2018 година од Европската агенција за животна средина. Како директна последица од ова загадување со ПМ2.5, во Македонија има 3000 прерани смртни случаи годишно.