Наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што се разлекува со раце. Ова тесто може да го направи секој почетинк и да го развлече без сукало како вистински мајстор! СОСТОЈКИ: 500 гр брашно 250 мл вода 70 мл масло 15 гр квасец (3-4 гр сув) 1 лажичка шеќер 1 лажичка со НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте. Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица. Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте. Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е
Храна и Рецепти
Направете 9 литри сок со само 4 портокали
Состојки: 4 портокали 1 кг. шеќер 30 грама лимонтус 9 литри вода Подготовка: Портокалите добро измиете ги, прелијте ги со врела вода за да ја отстраните горчината, избришете ги и ставете ги во замрзнувач на час-два. Извадете ги од замрзнувач, исечете ги и сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер. Смесата прелијте ја со три литри вода. Добиената маса оставете ја да отстои десетина минути. Потоа процедете, па во процедениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонтус. Мешајте додека шеќерот не се стопи и ставете го сокот во шишиња.
Највкусен рецепт за домашни пирошки
Направете вкусни и брзи и лесни пирошки од вашата кујна, како од пекара. СОСТОЈКИ: 500 гр. брашно 25 гр. квасец 2 дл. млако млеко 1 лажиче шеќер 2 компири 50 гр. маргарин сол 2 јајца 150 гр. шунка 200 гр. сирење ПОДГОТОВКА: Компирот се мие и лупи, па се обарува во солена вода. Се цеди и пасира со малку сол. Се соединува млеко со шеќер и малку брашно како и квасецот во сад, па се меша и се остава да надојде. Земате половина од брашнотои ги додавате јајцата, па компирот и маргаринот, а потоа се додава и квасецот кој надошол. Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце. За фил исечете ја ситно шунката и изронете го сирењето. Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па залепете ги краевите. Пржете ги пирошките во масло.
„Од 2 литра млеко правам 1 кг домашно сирење- Без потквасување и без лимонтус, се јаде после 4 часа“
Дали некогаш сте пробале домашно сирење? Неговиот мек и не толку солен вкус е омилен на повеќето. А по неговата структура наликува на популарната италијанска моцарела. Денес ви откриваме како на многу едноставен начин сами да подготвите вкусно домашно сирење, кое ќе биде готво за консумирање по само 4 часа. Потребни состојки 2 литри пресно млеко 5-2 супени лажици сол (или по ваш вкус) 400 гр кисела павлака 6 јајца 200 гр кисело млеко (по избор) Начин на подготовка Исипете го млекото во тенџерето и додадете ја солта. Доколку претпочитате помалку солено сирење, тогаш додадете помалку сол. Додека млекото да зоврие, изматете ги јајцата. Додадете ја киселата павлката и јајцата во топлото млеко, додека непрекинато мешате. Варете така околу 5-6 минути. Треба да
Немате направено ајвар? Еве ви одлична рецепта
Ви донесуваме рецепт за највкусен ајвар кој се подготвува на југот на Србија. Ајварот се прави од чиста пиперка. Времето на пржење на ајварот зависи од повеќе фактори: количината на пиперка, интензитетот на огинот, видот на црвената пиперка и количината на вода во нив. Затоа е важно пиперките добро да се исцедат пред да се готват. Состојки: 5 кг црвен пипер 250мл масло 1 лажица сол 1 лажица вински оцет Ако сакате зачинет лут ајвар, додадете 1 кг лута пиперка на 25 кг пиперки. Подготовка: Пиперките добро измијте ги, избришете ги и ставете ги да се печат. Печете ги добро од сите страни и ставете ги во пластични кеси за полесно да се лупат. Кога ќе завршите со печење, излупете ги пиперките и добро исчистете го семето. Оставете да се
Шпагети со ќофте: Германски рецепт за љубителите на италијанска храна
Лесни ќофтиња пржени на маслиново масло со сос од домати и шпагети. Овој рецепт ќе бидат целосен ручек што ќе го подготвите за помалку од половина час. Најдобро е да се сервира бело вино со ова јадење. Состојки: 400 гр шпагети 300 гр домати 300 гр мелено говедско месо 100 гр презла 100 гр пармезан 1 лажица сецкан магдонос 4 лажици маслиново масло 1 чешне лук 1 лажица брашно сол, црн пипер Подготовка: Измешајте месо, пармезан, презла, магдонос и половина ситно сецкан лук. Зачинете со сол и бибер, измешајте сè добро и обликувајте ќофтиња со рацете. Внимателно превртете ги ќофтињата во брашното; истресете го вишокот брашно и пржете ги на 2 лажици маслиново масло додека не поруменат. Во голема тава, загрејте 2 лажици маслиново масло и остатокот од лукот. Извадете го лукот од тавата, додадете ги
Рецепт за домашно подготвен кечап
Почетокот на есента е период во кој многу домаќинки почнуваат да се подготвуваат за наредниот период. Започнува периодот кога се прави зимница и да ги полнат залихите со домашно приготвени намирници. Во продолжение ви претставуваме рецепт за кечап кој ќе ве воодушеви sо својот вкус. Рецепт за најубавиот домашен кечап кој некогаш сте го пробале. Потребни состојки: 6 килограми домати 1 килограм црвени пиперки 6 средни главици кромид 5 чешниња лук 2 шаки магдонос 100 грама шеќер 3 лажици сол 1 кесичка цимет Неколку зрна бибер 1 децилитар оцет Начин на подготовка: Измијте ги доматите и исечкајте ги на четвртини. Измијте ги и пиперките, исчистете ги од семки и исечете ги на неколку делови. Кромидот исечете го на четвртинки. Исчистете го лукот
Која храна го содржи минералот бор? Неопходен минерал за здравјето на коските и заштита од болести?
Минералот бор е исклучително важен за здравјето на организмот. Одамна е познато дека е неопходен за раст. Научниците открија дека е неопходен за градење и одржување на коските во здрава состојба. Исто така и за функционирање на клеточните мембрани, но и како дополнителен фактор во одредени ензимски реакции во организмот. Исто така, значително се зголемува нивото на естроген во крвта, како и состојките што спречуваат губење на калциум и деминирализација на коските, или остеопороза, што е особено важно за жените во менопауза. За да се снабдиме со доволни количини бор, потребно е да се консумираат овошја како јаболка, круши, грозје и суво грозје, урми, праски. Особено важно е овошјето од камен - бадеми, лешници и кикирики, но и зеленчук, како што
Гурманска плескавица. Посебна смеза за најубава гурманска плескавица
Ако сте љубители на домашна скара еве еден одличен рецепт за подготовка на плескавица со месо. Вие ќе си го одберете месото и сами ќе си го подготвите. Сами ќе знаете што сте ставиле без додавање на никакви сомнителни зачини и конзерванси. Состојки: кг мешано мелено месо 4 главици кромид 1/2 врзло магданос 3 лажици лебни трошки 2 лажици буковец 2 лажички мешан зачин 1 лажичка бибер 1/2 лажичка оригано 300гр млечен кашкавал 50мл зејтин за формирање плескавиците Подготовка: Во сецко на почеток го мелеме кромидот и магдоносот (доколку немате сецко може да го исецкате ситно или да го изрендате кромидот) мешаме убаво. На оваа смеса ги додаваме сите горенаведени зачини. Морам да нагласам за да нема додатни прашања, во смесата јас не
Лесна салата со урда. Направете неколку комбинации
Салата со урда, освежување за лето. Ако ви се најават гости за половина час. 500 г урда 100 г сусам (потпечен) сол буковец оригано црн пипер малку сумак Сите состојки се мешаат заедно, се дотерува вкусот и се послужува. Напомена: зачинот сумак го има во Веро маркетите во мали теглички, има киселкав вкус, а во оваа салата многу убаво се вклопува.Најчесто се користи за салати и други јадења со риба, но и за пилешко месо. По вкус можете да додадете кисели крставички, павлака и мајонез. Ако сакате да ја консумирате како посна салата, набавете растителна урда.