Авионот се води како исчезнат само четири минути по полетувањето Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати. Според првите информации, авионот се срушил само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето. https://twitter.com/flightradar24/status/1347850078644563969?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1347850078644563969%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Favion-nestao-sa-radara%2F372752%2Fvest Според неофицијални податоци, во него имало 59 патници, од кои пет деца и едно бебе. Според првите информации, авионот наводно паднал од висина поголема од 3.000 метри само четири минути по полетувањето. - Ги следиме извештаите за исчезнатиот авион во Индонезија. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации - објави Флајтрадар 24. Авиокомпанијата соопшти дека ќе даде официјална изјава кога ќе имаат повеќе информации.
Вести
(Видео) „Боже cмилyвaj ce, нe мoжaм пoвeќe, cpцeтo ќe ми пykнe“: Пoтpecнa cнимкa oд пocлeдниoт зeмjoтpec во Петриња
Тлото во Петриња не престанува да се тресе. Вчера во Хрватска беше регистриран нов силен земјотрес од 5 степени. Жителите на Петриња се потресени и неколку денови спијат во шатори. Хрватските медиуми, пренесуваат видео во кое возрасен човек со плачење вели дека не може повеќе да издржи, го моли „Бог да се смилува“ и „дека срцето ќе му пукне“. https://youtu.be/KCa3lGi73Ok
Трагедија во Босна: Осум тинејџери се задушија со плин за новогодишната ноќ
Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во БиХ. – Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон. Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти. Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија. Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње
Скандалозно: Покрај виршли и шунка и по некоја вакцина против Ковид
Дистрибуцијата на вакцините во Бугарија се направи со траспортни возила во кои се пренесуваат сувомеснати производи. Истите се носени во придружба на четири полициски возила. Транспортот со вакцини беше доставен до регионалната здравствена инспекција во Пловдив. Во Пловдив вакцините нема да бидат чувани во посебен фрижидер туку во обичен ладилник, бидејќи ќе бидат користени во следните пет дена. Во Бугарија имаше бура од незадоволство поради одлуката вакцините да бидат дистрибуирани со камиончиња за разнесување на сувомеснати производи „Леки”. Владее мислење дека е тоа многу несериозно од страна на бугарската влада. По бурните реакции од бугарската јавност со коментар се јави и компанијата Бела Бугарија која ја врши дистрибуцијата на вакцините: Возниот парк на компанијата ги исполнува најновите европски барања за овој вид на возило.
Венко Филипче за канабисот. Само јавноста ја интересира кои 60 фирми добиле лиценци? Само Заеви и блиски до Заев?
Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании. Тие компании направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба. Медицинската употреба на канабисот ќе биде согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.
Денес Левица до Основното јавно обвинителство (ОЈО), поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска
Денес Левица до Основното јавно обвинителство (ОЈО), поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска. Причината за пријавата е тоа што Ангеловска, додека била на функција, го повлекла својот депозит. Депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка, непосредно пред банката да пропадне.Ангеловска ја искористила службената положба за остварување лична корист. Ангеловска се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.
(ФОТО) Полиција упадна во стан во Скопје: Растурена забава и пронајдена дрога
Тринаесет лица се уапсени откако синоќа полицијата упадна во стан во Скопје. Тие биле фатени како консумираат наркотични средства, пренесуваат од МВР. „На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел
Штип: Очајна излезност на предверемените локални избори, па струмичко подземје повикано на помош
Во тек се вонредните локални избори во Штип. Она што пак како информации го добиваме од терен е реприза на Парламентарните избори 2020 година. Според муабет споделен во маалата низ Штип, неофицијално на терен „ораат“. Цело време со автомобили се присутни бизнисмени од добро познатото подземје од Струмица. Според луѓето со кои зборувавме непознати лица за нив им нуделе определена цена на понуден глас. Сумата за глас се движи од 10.000 до 12.000 денари. Ова дотолку е интересно што излезноста е очајна и непосакувано ниска, па според добро информирани изврои кои ни потврдија дека тоа е причината за присуството на „бизнисмените“ во Штип, но и овој пат вртоглаво зголемената сума која ја споменувале. Лицата кои го „терале“ муабетот со понуда од суми се
Ахмети сака да го реши спорот со Бугарија „по брза постапка“
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети синоќа се сретнал со поранешниот премиер Владо Бучковски. Владо Бучковски е задолжен од Владата зa спорот со соседна Бугарија. Според фотографијата, средбата се одржала во кабинетот на Артан Груби во Владата. Ахмети и Бучковски дискутирале за спроведувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија, актуелните ставови на двете страни и најдобрите начини за надминување на создадениот спор. – Ахмети даде потполна поддршка за интензивниот дијалог и изрази доверба дека решението е брзо. Решението е достижно без ниту една последица врз јазикот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот.
БАШАНОВИЌ УРГИРАШЕ КАЈ 3aeв ДА НЕ ОДАМ ВО ПРИТBOР, ТВРДИ ОБВИНЕТATА ЈАСНА МАНДИЌ НА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“
Обвинетата во случајот „Меѓународен сојуз” Јасна Мандиќ на денешното судско рочиште читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон. За една од нив кажа дека не е нејзина. Тоа било препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ. Се бркале врски за неа да не оди во притвор. Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар. Откако според вибер-комуникацијата, едното лице (според Мандиќ, Башановиќ) му вика на другото (според неа, Заев) да види ако може Јасна да не оди во притвор, наводниот Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”. Тогаш, за разлика од првообвинетиот во „Меѓународен сојуз” Бојан Јовановски-Боки 13, Мандиќ доби куќен притвор. Обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е